Orhan Onur Gemici
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција објави дека двајца терористи на ПКК се неутрализирани во состав на антитерористичките акции „Канџа Молња“ и „Канџа Гром“ на северниот дел на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжете да ги неутрализирате терористите во нивните јами. Неутрализирани се двајца терористи на ПКК, откриени во рамките на операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ на северниот дел на Ирак. Нашите операции одлучно се продолжуваат“, се наведува во соопштението.
Турција на 23 април во регионите Метина и Авасин Басјан, на северниот дел на Ирак, започна антитерористички акции „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“.
Припадниците на терористичката организација ПКК често се кријат на северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади врз Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 45.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.