Tuğçenur Yılmaz
24 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
АНКАРА (AA) – Турција ја осуди одлуката на Израел за продолжување на незаконското градење на станбените населби на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Најостро ја осудуваме одлуката на Израел со која се допушта градење на повеќе од 2.000 нови објекти на окупираниот Западен Брег“, наведено е во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Нагласено е дека ваквите чекори претставуваат кршење на меѓународното право и конвенциите на Обединетите нации и дека ќе нанесат непоправлива штета на мировниот процес.
„Спротивставување на ваквите постапки кои претставуваат кршење на темелните права на палестинскиот народ е правна и морална обврска. Поради тоа, ја повикуваме меѓународната заедница да го направи тоа“, пишува во соопштението на турското МНР.
Според палестински извори, повеќе од 700.000 еврејски доселеници моментално живеат во 196 населби (изградени со одобрение на израелската Влада) и во повеќе од 200 населби (изградени без одобрение) на подрачјето на окупираниот Западен Брег.
Израелската политика во врска со изградбата на еврејските населби се смета за главна пречка за продолжување на мировните преговори помеѓу Палестина и Израел кои се прекинати во 2014 година.