Hasan Esen
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската унија (ЕУ) и Турција отворија ново поглавје во пристапните преговори, станува збор за поглавјето 33, кое се однесува на финансиските и буџетските одредби, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот амбасадор за ЕУ, Селим Јенел, во изјава за АА претходно истакна дека отворањето на 33-то поглавје е значајно, бидејќи тоа обично се отвора „пред самото членство на државата”.
Турција сега има 16 отворени поглавја од пристапните преговори за членство во Европската унија.
Турски и официјални лица од ЕУ, по повод отворањето на 33-то поглавје, организираа меѓувладина конференција на која присуствуваат министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за финансии Наџи Агбал и министерот за ЕУ, Омер Челик, како и шефот на холандската дипломатија која претседава со Унијата, Берт Кундерс и комесарот на Европската комисија за проширување и добрососедски односи Јоханес Хан.
ЕУ и Турција на 14-ти декември минатата година во мандатот на луксембуршкото претседавање со Унијата го отворија поглавјето кое се однесува на економската и финансиска политика.