Zehra Nur Düz
25 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американските и турските воени челници го извршија првиот извидувачки лет меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Турција, соопшти Пентагон, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Шон Робертсон за АА истакна дека генералите од двете земји летале во ист хеликоптер вчера.
„Оваа „пресвртница“ следуваше по формирањето на Заедничкиот центар за координација претходно оваа недела“, вели Робертсон во соопштението испратено преку имејл.
„Овој лет ја покажува заложбата на САД за решавање на „легитимната безбедносна загриженост на Турција за нивната јужна граница“, се истакнува во соопштението.
Во него е повторува посветеноста на САД за одржување на безбедноста во североисточниот дел на Сирија, за да се спречи повторна појава на ДЕАШ.
„Првиот заеднички хеликоптерски лет меѓу двата сојузници на НАТО им овозможува на коалицијата и партнерите на САД да „останат фокусирани на постигнување траен пораз на ДЕАШ“, се додава во соопштението.
Во телефонски повик во средата, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, се согласија од 21 август да ја започнат првата фаза од планот за безбедносната зона на Сирија.
„Акар изјави дека безбедносната зона источно од реката Еуфрат во Сирија треба да биде воспоставена во рамките на принципите утврдени во календарот, без одложување“, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.
Акар и Еспер, исто така, се согласија воените делегации од двете земји да се состанат во Анкара наскоро за да дискутираат за наредите фази од планот за безбедносната зона.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август постигнаа договор безбедносната зона во северна Сирија да служи како мировен коридор за раселените Сиријци, кои копнеат да се вратат дома, и за формирање Заеднички центар за операции во Турција.