Faruk Zorlu
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Неутрализирани се најмалку 8 терористи на ПКК во северен Ирак кои вршеле заговор за терористички напади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб денес соопшти дека во антитерористичките воздушни операции спроведени вчера и денес, неутрализирани се тројца терористи во ирачкиот регион Метина и петмина во регионот Авашин-Басјан.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица.