İlker Girit
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
БЕРЛИН (AA) - Амбасадата на Република Турција во Берлин упати протестна нота до германското Министерство за надворешни работи во врска со, како што тоа го нарекоа, „провокативниот чин", кој се случи во германската престолнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата демонстранти наводно истакнала транспарент пред возило со фотографија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и уште неколку лидери, со порака „Го сакате ли овој автомобил? Убијте ја диктатурата!".
Од Амбасадата на Република Турција во Берлин кажаа дека германските власти пропуштиле да интервенираат на, како што рекоа, „насилни протести", кои се одржани пред зградата на федералната влада во Берлин.
„Очигледно е дека таквите постапки, кои ќе ја охрабрат омразата и насилството во чувствителен момент кога општествените заедници треба да го заштитат нивниот мир и заенички вредности, нема да му служи на мирот", се наведува во соопштението на Амбасадата на Република Турција.
На транспарентот кој го држеа демонстрантите, собрани околу уметничкиот колектив „Центар за политичка убавина", се наоѓаа и фотографии на претседателот на Русија Владимир Путин и саудискиот крал Салман бин Абдулазиз.
Лидерите на земјите Г20, вклучувајќи го Ердоган и Путин, кон крајот на оваа седмица ќе се состанат на самит во германскиот град Хамбург.