Sayed Khodaberdi Sadat
13 Јули 2019•Ажурирај: 14 Јули 2019
КАБУЛ
Авганистанскиот новинар Надир Шах Сахибзада е убиен од страна на непознати лица во авганистанската покраина Пактија, јавува Anadolu Agency (AA).
Надир Шах Сахибзада беше вработен во авганистанското радио „Гласот на Гардиз“. Главниот уредник на радиото, Абдул Рашид Џалалзеј, потврди дека новинарот Сахибзада најпрвин е киднапиран, а потоа и убиен.
Џалалзеј наведува дека Сахибзада со никого немал проблеми, ниту недоразбирања, и дека сѐ уште не е познат мотивот за неговото убиство.
Според податоците на Националната канцеларија за поддршка на слобода на медиумите, од почетокот на 2019 година во Авганистан се убиени најмалку 6 новинари.