Şerife Çetin
24 Октомври 2025•Ажурирај: 26 Октомври 2025
БРИСЕЛ (АА) - Украина побарала поддршка од Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО, јавува Анадолу.
НАТО издаде писмено известување по ова прашање.
Во известувањето се вели:
„Украинските вооружени сили побараа меѓународна помош преку механизмот за брз одговор на НАТО, EADRCC“.
Се нагласува дека нападите на Русија врз Украина сериозно влијаеле врз цивилното население во земјата, истакнувајќи дека во нападите е предизвикана голема материјална штета покрај на домовите, и на инфраструктурата за вода, електричната енергија, греењето и врз јавната инфраструктура.
Барањето има за цел покрај обезбедувањето на вода, храна и гориво, да обезбеди и помош за зголемување на капацитетот за хуманитарната поддршка.
Предметите за помош што ги побара Украина преку Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) вклучуваат камиони со опрема за складирање храна, цистерни за вода и камиони за гориво.