Davit Kachkachishvili
17 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
КИЕВ (АА) - Христијанските верници во Украина денеска во сенка на војната во голем број се собираат во црквите за да ги одбележат христијанските празници Велигден и Цветници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Доминантното православно население во Украина денеска го одбележува празникот Цветници, споменот на влегувањето на Исус Христос во Ал Кудс (Ерусалим), една недела пред Велигден.

Во исто време, католиците денеска го одбележуваат Велигден.
Христијанските верници се собраа во голем број во сите цркви во Украина и се помолија за спас и за крај на војната што ја зафати земјата од 24 февруари.

Централниот велигденски обред се одржа во католичката катедрала „Св. Никола“ во Киев, додека молитвата по повод Цветници се одржа во православната црква „Св. Владимир“, исто така во центарот на главниот град на Украина.