Ruslan Rehimov
03 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
ХАРКОВ (АА) ‒ Најмалку осум цивили, меѓу кои две деца, загинаа во руските воздушни напади во Харков, Украина, соопшти денеска официјален претставник.
Руското бомбардирање предизвика масовно уништување на градот Изум, според Владимир Мацокин, заменик-градоначалникот на градот.
Над 2.000 цивили загинаа во Украина откако Русија ги започна нападите на 24 февруари, според украинските власти.
Откако војната денеска навлезе во осмиот ден, Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека 1 милион луѓе биле принудени да заминат од Украина во соседните земји.