Ruslan Rehimov
25 Април 2022•Ажурирај: 26 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинската страна тврди дека во нападите на Руската армија во Украина загинале 215 деца, а 391 се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителството на Украина соопшти дека во бомбардирањата што ги изврши Руската армија, причинета е штета на над 1.500 образовни установи, од кои 102 се целосно уништени.
Во соопштението се наведува и дека во руските напади, кои започнаа на 24 февруари, се убиени 215 деца, а 391 се ранети.