Talha Yavuz
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
КИЕВ
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека го потпишал указот за повикување резервисти на должност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопораката што ја сподели на социјалните мрежи, Зеленски наведува дека во моментов нема потреба од мобилизација.
Истакнувајќи дека е неопходно да се зајакне Армијата, Зеленски рече дека токму од таа причина го потпишал указот за повикување резервни војници на должност.
Законот, одобрен во Украина во ноември 2021 година, дозволува да се повикаат резервисти во Армијата без да се прогласи мобилизација „за посебни периоди“.
– Признавање на таканаречените републики на сепаратистите
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша два декрети со кои се дозволува признавање на руските таканаречени народни републики Доњецк и Луганск.
Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, го одобри барањето на Путин Руската армија да се распореди надвор од територијата на Русија.