Ruslan Rehimov
16 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
КИЕВ (АА) - Руските сили зазедоа болница во опколениот украински град Мариупол и држат како заложници околу 400 цивили, изјави денеска заменик-премиерката на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Медицински персонал е помеѓу заложниците во болницата која беше заземена од руски војници во вторникот, истакна Ирина Верешчук.
Таа рече дека руските сили пукале од болницата, заканувајќи им се на цивилите кои сакаат да избегаат од градот.
„Најмалку 2.000 цивилни возила го напуштија Мариупол користејќи „неофицијални“ рути за евакуација во вторникот“, изјави извор на Градскиот совет на Мариупол за Агенција Анадолија.
Во понеделникот, Олексиј Арестович, советник на украинското Претседателство, информира дека над 2.500 цивили се убиени во руските напади на Мариупол.
Сепак, според проценките на ОН, најмалку 691 цивил загинаа и 1.143 се повредени низ цела Украина откако Русија објави војна на нејзиниот западен сосед на 24 февруари.
Но ОН забележаа дека вистинската бројка веројатно е многу поголема.
Повеќе од 3 милиони бегалци ја напуштија земјата и околу 6,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.