Bahtiyar Abdülkerimov
22 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 21.200 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се наведува дека украинските сили од 24 февруари до 22 април уништиле 176 авиони, 153 хеликоптери и 838 тенка.
Исто така, уништени се 2.162 оклопни возила, 397 топа, 138 ракетни системи и 69 системи за противвоздушна одбрана.
Покрај тоа, руските сили загубиле и 1.523 возила, 8 брода и лесни глисери, 76 возила за гориво и 172 беспилотни летала.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.