Ruslan Rehimov
01 Април 2022•Ажурирај: 02 Април 2022
КИЕВ (АА) - Руската армија се повлекува од регионот на Чернихив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вјачеслав Чауш, гувернерот на Чернихив, истакна дека Руската армија полека се повлекува од областа Чернихив, но дека опасноста од бомбардирање продолжува.
Чауш на својот профил на Телеграм напиша: „Сега сите работат за заживување на животот во регионот. Исто така, нашата Армија расчистува мини на местата каде што претходно имало непријатели. Но, заканата од проектили и воздушни напади останува.“
Од друга страна, украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили се повлекле, но продолжиле со блокадата на Чернихив на север.
„Истовремено се набљудува активноста на единиците од руската централна воена област во регионот близу украинската граница“, се вели во соопштението.
По преговорите меѓу претставниците на Русија и Украина во Истанбул, руското Министерство за одбрана одлучи значително да ги намали воените дејствија во регионот на Киев и Чернихив.