Ruslan Rehimov
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 28.500 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се наведува дека украинските сили од 24 февруари до 19 мај уништиле 203 авиони, 167 хеликоптери и 1.254 тенка.
Исто така, украинските сили уништиле 3.063 оклопни возила, 595 топови, 199 ракетни системи и 93 системи за противвоздушна одбрана.
Освен тоа, руските сили загубиле и 2.157 возила, 13 брода и лесни глисери и 455 беспилотни летала.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.