Bahtiyar Abdülkerimov
27 Мај 2022•Ажурирај: 28 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Руските трупи се обидуваат да добијат целосна контрола над украинските региони Луганск и Доњецк, но нивните напори досега беа неуспешни, соопшти украинскиот Генералштаб, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во меѓувреме, непријателот сè уште планира да принуди премин преку [реката] Сиверски Донец“, изјави за новинарите Олексиј Хромов, заменик-началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Украина.
Тој понатаму рече дека руските сили продолжуваат со офанзивните операции во источна Украина и напаѓаат длабоко во одбранбените линии на украинските сили.
„И покрај преовладувачкиот број на персонал, муниција и воена опрема, непријателот досега не успеа да ја постигне својата цел“, додаде тој.
Најмалку 3.998 цивили се убиени, а 4.693 се повредени од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, според проценките на ОН. Се верува дека вистинскиот биланс е многу поголем.
Над 6,6 милиони луѓе побегнале во други земји, додека повеќе од 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.