Ruslan Rehimov
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
КИЕВ (АА) - Михаил Подолјак, советник во Кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека за да се смени текот на војната, потребно е западните партнери да ја снабдат Украина со муниција за модерни системи за противвоздушна одбрана, со крстосувачки ракети и системи за лансирање ракети, да наметнат построго ембарго на нафтата кон Русија и целосно да ги затворат западните пристаништа за руските бродови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Подолјак ова го истакна на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Почитувани партнери, има четири работи што треба да ги направите доколку не сакате да ги видите очите на мртвите украински деца убиени во сон и да го почувствувате чадот од Мариупол. Ако не можете да го затворите нашиот воздушен простор, тогаш дајте ни модерни системи за противвоздушна одбрана. Обезбедете муниција за крстосувачки ракети и системи за лансирање ракети“, напиша тој.
Истакнувајќи дека западните земји треба да воведат построго ембарго на нафтата кон Русија, Подолјак наведе дека западните пристаништа треба целосно да бидат затворени за руските бродови.