Ruslan Rehimov
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Руските сили кои ја нападнаа Украина изгубија 9.166 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на украинскиот Генералштаб споделени се информации за загубите на руските сили во изминатите девет дена.
Во соопштението се наведува дека во нападот на Украина загинале 9.166 војници на Руската армија.
Украинската армија уништила 33 авиони, 37 хеликоптери, 251 тенк, 939 оклопни возила, 105 топа и 2 лесни глисери на Русија.
Исто така, се додава дека руските сили изгубиле и 50 системи за лансирање ракети, 404 возила, 60 танкери за гориво, 18 системи за противвоздушна одбрана и 3 беспилотни летала.