Burç Eruygur
09 Јуни 2024•Ажурирај: 10 Јуни 2024
КИЕВ (АА) - Украина денес објави дека го погодила најмодерниот руски борбен авион, јавува Анадолу.
Украинската одбранбена разузнавачка служба (HUR) објави на Телеграм дека вчера погодила Сухој Су-57 во воздухопловната база Ахтубинск во руската област Астрахан, која се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот.
Наведоа дека за погодувањето на авионот сведочат сателитски снимки, објавувајќи две фотографии за кои велат дека се направени завчера и вчера (петок и сабота), на кои се гледаат „оштетувања од експлозијата и карактеристични места од пожарот“.
„Су-57 е најмодерниот ловец во Москва, кој може да се користи за гаѓање со проектилите Кх-59 и Кх-69“, наведуваат од Украинската одбранбена разузнавачка служба, додавајќи дека во употреба се само неколку авиони Су-57.
Руските власти сѐ уште не ги коментирале овие тврдења.