Ruslan Rehimov
07 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинските вооружени сили соопшти дека од почетокот на војната во земјата се убиени најмалку 25.100 руски војници и дека се уништени 199 авиони, 155 хеликоптери и 1.122 тенкови на руската Војска, известува Агенција Анадолија (АА).
Русија на 24 февруари ја нападна Украина, а во соопштението на Генералштабот на украинската Војска се наведува дека успеале да ѝ нанесат големи загуби на руската Војска.
Во соопштението се вели дека само во изминатите 24 часа Русија загубила најмалку 200 војници кои учествувале во нападот на Украина.
Покрај тоа, се тврди дека од почетокот на војната се уништени 199 руски воени авиони, 155 хеликоптери, 1.122 тенкови, 2.713 оклопни возила, 509 топови, 172 ракетни системи и 84 противвоздушни системи.
Киев тврди и дека руската Војска во Украина загубила 1.934 возила за разна намена, 11 бродови и лесни чамци и 341 беспилотно летало. Украинскиот противвоздушен систем пресретнал и уништил 90 руски крстосувачки ракети.