Talha Yavuz
27 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
КИЕВ
Во Украина започна процес за формирање единица под име „Меѓународна легија за регионална одбрана на Украина“, а наменета е за странските доброволци кои сакаат да се борат против руските напади во Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Украина се наведува дека рускиот напад не е само инвазија на Украина, туку почеток на војна против Европа и светскиот правен поредок.
Претседателот Владимир Зеленски ги повика сите граѓани на светот и пријатели на Украина да ја бранат неговата земја и Европа од руската агресија.
Од Кабинетот на претседателот потсетуваат дека од 2016 година, странците можат доброволно да се борат во редовите на украинската Војска и информираа дека е формирана единица што ја сочинуваат странци, под името „Меѓународна легија за регионална одбрана на Украина“.
Во соопштението се додава дека сите заинтересирани можат да се обратат на воените аташеа во украинските амбасади во сопствените земји.