Ekipa
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Меѓународниот фонд на ОН за деца (УНИЦЕФ) ја прогласи 19-годишната Музун Алмелехан, бегалка од Сирија, за амбасадорка на добрата волја, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот извршен директор на УНИЦЕФ, Џастин Форсит, изјави дека Алмелехан е првата амбасадорка на добра волја која има официјален статус на бегалка.
Музун, која добиваше поддршка од УНИЦЕФ за време на престојот во бегалскиот камп За’атари, во Јордан, ги следи стапките Одри Хепберн, амбасадорката на добра волја која исто така одредено време добиваше поддршка од УНИЦЕФ.
Младата активистка изјави дека при бегството од Сирија со себе ги земала само училишните книги.
„Како бегалка видов што се случува кога децата се принудени на ран брак или работа“, изјави Музун.
Таа додаде дека е горда поради тоа што работи со УНИЦЕФ и бидејќи има можност да се чуе гласот на тие деца и да се вратат во училишните клупи.
Музун неодамна патуваше со УНИЦЕФ во Чад, земјата во којашто голем број деца немаат можност за образование. Таа разговараше со децата кои биле принудени да го напуштат училиштето поради нападите на терористичката организација Боко Харам.