Betül Yılmaz
09 Септември 2025•Ажурирај: 10 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека десетици палестински семејства се раселени откако израелската армија ги бомбардираше високите згради во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.
„Поради нападите врз станбените висококатници во Газа раселени се десетици семејства, многумина останаа на улица без засолниште и основни средства за живот“, соопшти УНХРВА на американската компанија за социјални медиуми X.
Во петокот, израелската армија почна да бомбардира повеќекатници во кои се сместени стотици раселени цивили во градот Газа, во услови кога Тел Авив продолжува со планот за окупирање на целиот град.
Во последните напади армијата вчера целеше кон кулите Салам и Ал-Руја во градот Газа, повеќекатници во кои се сместени стотици раселени Палестинци.
Агенцијата на ОН соопшти дека забраните наметнати од израелската армија за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа ги продлабочуваат „страдањата на веќе раселените лица“.
„Ни треба прекин на огнот веднаш“, порача УНРВА.
Израел уби повеќе од 64.600 Палестинци во бруталната офанзива во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и го турна целото население во глад.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.