Vakkas Doğantekin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Силна бура и ураган кои ги зафатија САД одзедоа 11 животи во сојузната држава Мисисипи, 6 во Џорџија и по едно лице во Арканзас и Јужна каролина, додека на стотици домови и згради се оштетени во Луизијана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на противпожарната екипа на подрачјето Мареј во сојузната држава Џорџија за телевизискиот канал WAGA-TV изјави дека силната бура во подрачјето на Четсворт предизвикала големи оштетувања на две паркирани трајлери, додека во три други трајлери од бурата починале 5 лица, а 5 се повредени.
Овој телевизискио канал информираше дека уште едно лице починало од бурата откако силниот верат урнало дрво кое паднало врз една куќа во подрајето Картерсвил.
Секторот за управување со вонредни ситуации на подрачјето Џеферсон во сојузната држава Арканзас објави дека едно лице починало откако врз еден дом во Вајт Хол паднало дрво.
Секторот за управување со вонредни ситуации на подрачјето Оконе во сојузната држава Јужна Каролина информираше дека на подрачјето зафатено од ураганот, во близина на местото Сенека се урнала зграда. Во несреќата под урнатините на зградата било извлечено едно безживотно тело.
Агенцијата за управување со вонредни ситуации на сојузната држава Мисисипи на својата интернет страница објави дека лошите временски услови биле причина за смртта на 11 лица, од кои 4 во подрачјето Џеферсон Дејвис, по двајца во Лоренс и Џонс и по едно лице во местата Волтхол, Панола и Керол.
- Прогласена вонредна состојба
Гувернерот на Мисисипи Тејт Ривс на социјалната мрежа Твитер објави дека со цел да се сочуваат здравјето и безбедноста на населението, воведена е вонредна состојба во државата поради бурата и ураганот кои ја зафатија речиси целата државата.
Градоначалникот на регионот Кларксдејл Чак Еспај истакнувајќи дека силнот ветер ги урнал електричните столбови и дрвјата, изјави „Знам дека ова се тешки денови и затоа од секого барам да се помоли“.
- Голем број домови се оштетени во Луизијана
Си-ен-ен ја објави изјавата на градоначалниот на Монро, Џејми Мајо „Само во градот Моро се оштетени најмалку 200 до 300 домови“.
Градоначалникот Мајо информираше дека нема жртви од бурата, соопштувајќи дека екипите на итната помош на лице место им помогнале на повредените. Тој рече дека противпожарните екипи ги истражуваат урнатите згради за да бидат сигурни дека нема лица кои се затрупани под оштетените згради.
Откажани се и летовите од аеродромот Монро бидејќи бурата ја откорнала фасадата од објектите и истата била расфрлена по пистата.
Официјалните лица информираат дека на десетици куќи се уништени во населените места Десото и Вебстер.
Шефот на противпожарните екипи на подрачјето Чатануга во сојузната држава Тенеси изјави дека од силината на бурата оштетени се 150 куќи и згради. Тој инфорираше дека во бурата се повредени повеќе од 10 лица, предупредувајќи го населението да не ги напушта своите домови.
Интернет страницата „poweroutages.us“ објави дека поради силата бура во 10 сојузните држави, меѓу кои се и Тексас, Џорџија и Западна Вирџинија, приближно 750.000 претплатници останале без електрична енергија.