Atila Altuntaş
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Претседателството на Финска соопшти дека утре ќе продолжат преговорите што ги водат делегациите на Финска, Шведска и Туркије во врска со финското и шведското барање за прием во НАТО и загриженоста што во тој контекст ја изнесе Туркије, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на социјалната мрежа Твитер се наведува дека официјалните трилатерални преговори ќе продолжат во Брисел, главниот град на Белгија.
Неименуван официјален претставник на НАТО претходно за шведската новинска агенција ТТ изјави дека преговорите продолжуваат во седиштето на Алијансата и тоа на покана што ја упатил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Истиот извор информираше дека на преговорите ќе присуствуваат делегациите на Финска, Шведска и Туркије, а и делегација на официјални лица на НАТО.