Aida Cako
13 Ноември 2025•Ажурирај: 14 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Учениците во Појасот Газа ги прославија резултатите од матурските испити меѓу урнатините, по години воени разурнувања и страдања, јавува Анадолу.
Палестинското Министерство за образование ги објави резултатите од завршните средношколски испити, кои се одржаа првпат по две години откако во израелските напади беа уништени голем број училишта и раселени многу семејства.
Оваа година испитите беа спроведени електронски за учениците родени во 2007 година, поради уништената образовна инфраструктура и ограничените услови за работа.
И покрај тешките околности и недостигот од ресурси, учениците изразија мешани чувства – гордост за своите постигнувања, но и тага поради уништувањето што ги опкружува.
Министерот за образование Ајмал Берем изјави дека на испитите учествувале околу 31.000 ученици, нагласувајќи дека целта на властите е повторно воспоставување настава со физичко присуство и покрај големите разурнувања и предизвиците со кои се соочува образовниот систем во Газа.