Ekrem Biçeroğlu
26 Ноември 2021•Ажурирај: 27 Ноември 2021
БАГДАД (АА) - Уште 608 Ирачани кои сакаа да имигрираат во Европа и кои беа блокирани на границата меѓу Белорусија и Полска, се вратија во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абас Умран, директорот на транспортната компанија поврзана со ирачкото Министерство за транспорт, во писмена изјава соопшти дека е одлучено со два авиони да се донесат Ирачаните.
Истакнувајќи дека 608 мигранти се евакуирани со два авиони на „Ирак ервејс“, Умран истакна дека Ирачаните земени од аеродромот во Минск се донесени на аеродромите во Ербил и Багдад.
На 18 ноември, администрацијата на Багдад соопшти дека се евакуирани 430 граѓани заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска.