Burak Bir
10 Март 2026•Ажурирај: 11 Март 2026
ЛОНДОН (АА) – Дополнителни три американски Б-52 бомбардери се пристигнати во Велика Британија, во текот на актуелната војна на САД и Израел врз Иран, според медиумските извештаи, пренесува Анадолу.
Бомбардерите Б-52, кои пристигнаа во базата на Кралските воздухопловни сили во Глостершир, можат да лансираат проектили на оддалеченост поголема од 2.400 километри, јави „Би-би-си“.
Новопристигнатите бомбардери се приклучија на флотата американски воени авиони стационирани во базата, откако првиот бомбардер Б-1 лансер пристигна во петокот вечерта, по што следуваа уште два кои пристигнаа во саботата.
Откако им даде дозвола на Соединетите Американски Држави да ги користат базите РАФ Ферфорд во Глостершир и Диего Гарсија во Индискиот Океан, премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, им порача на пратениците дека Владата „не верува во промена на режимот од небото“.
Ова е првпат за време на тековната американско-израелска војна против Иран, во Велика Британија да бидат видени бомбардери Б-52.
Како бомбардер со најдолг рок на служење и најголема разновидност на американското воено воздухопловство, тој може да носи до 31.751 килограм мешано вооружување.
Првично, Стармер одби да даде дозвола САД да ги користат британските воени бази за заедничките напади со Израел против Иран, што предизвика несогласување со американскиот претседател Доналд Трамп.
Но подоцна, преку видеосоопштение објавено во неделата, британскиот премиер го одобри американското барање во интерес на „колективна самоодбрана“ на сојузниците и заштита на британските животи, обвинувајќи го Иран за спроведување на „стратегија на изгорена земја“.
Според иранските власти, околу 1.300 лица се убиени и над 10.000 други повредени во американско-израелските напади против Иран, започнати на 28 февруари.
Техеран возврати со напади со ракети и беспилотни летала врз Израел, како и врз земји од Персискиот Залив во кои се наоѓаат американски воени бази.