Rustam Mikayilli
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ВИЛНУС (АА) - Командантот на заедничкиот штаб на НАТО во холандскиот град Брунсум, генерал Салваторе Фарина, престојува во официјална посета на главниот град на Литванија, Вилнус, и во таа пригода предупреди дека „опасното однесување” на Русија во Балтикот би можело да предизвика тензии во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералот Фарина престојува во официјална посета на главниот град на Литванија, Вилнус, и во таа пригода истакна дека минатомесечното пресретнување на летовите и американскиот разурнувач „Доналд Кук” од страна на руските авиони предизвика тензии во регионот.
„Јас не гледам моментално никаква можност дека би можело да дојде до војна од поголеми размери меѓу НАТО и Русија. Сепак, руското опасно однесување на Балтикот на крајот, кога тогаш ќе предизвика инциденти”, предупреди Фарина.
Тој, исто така, додаде дека е потребно да се зајакне воздушната одбрана на балтичките земји.