Adel Ömeragiç
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, од 1. до 4. март ќе го посети регионот на Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е најавено од Делегацијата на ЕУ во Подгорица, Могерини ќе ги посети Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија.
За време на нејзината посета на регионот, Могерини ќе се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, политичките партии и парламентите.
За својата посета, Могерини ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на Советот за надворешни работи на 6. март.