Ömer Faruk Yıldız
13 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Утринава на Филипините дојде до нова експлозија на вулканот Таал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната агенција за намалување и управување со ризици од катастрофи (NDRRMC) соопшти дека експлозијата во вулканот сместен во Батангас одекнала во 9:19 часот по локално време.
Пепелта од вулканот се прошири на подрачјата кон север, а ја намалува видливоста и јужно од Манила.
Настрадани немаше, но од подрчајето околу вулканот се евакуирани повеќе од 6.300 лица.
Привремено се пролонгирани летовите од аеродромот во Манила. Во соопштението од аеродромот се наведува дека се откажани вкупно 240 летови.
Вулканот Таал е еден од десетте најактивни на Филипините. Официјалните претставници предупредуваат дека активноста на вулканот би можела да потрае.