Diego Camilo Carranza Jimenez
10 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
БОГОТА (АА) - Хуанчо Торес, фоторепортер на Anadolu Agency, освои второ место на престижниот натпревар за фотографии „Фотографии на годината на Латинска Америка“ (POY Latam), јавува Anadolu Agency (AA).
Торес учествуваше во категоријата вести со галерија насловена „Наследството на нагазни мини“ во која ги прикажува протетиките изработени рачно од жртвите во колумбискиот вооружен конфликт. Бидејќи не можеле да си дозволат традиционална протеза, тие се одлучиле рачно да направат вештачки екстремитети со материјали како дрво, пластика, пластични садови, облека, кожа и метал.
За Торес, овие протези се еден начин да се покаже реалноста на луѓето што немале пристап до ресурси или колумбискиот здравствен систем, па затоа морале да го искористат она што го имаат на дофат на рака.
„Галеријата ја отсликува креативноста на жртвите од конфликтот, кој бил без граници. Тоа се претежно лица кои преживеале, без пристап до здравственот систем на земјата и кои пронашле начин да живеат така што ќе создадат сопствени протези“, изјави тој.
Торес вели дека видовите фотографии што тој ги правел биле секогаш мотивирани од неговите социјални намери и од неговата перцепција за она што се случува во општеството.
„Работев со мини од 2016 година и се впуштав во различни аспекти, како што се зајакнување на лицата кои преживеале“, изјави Торес.
Фотографите се направени во „Fundacion Centro Integral de Rehabilitacion de Colombia“ (CIREC) во Богота, а според Торес, протезите денес се изложуваат како парчиња уметност, за да се испрати порака за мир.
„POY Latam“ е основан од фотографите Лоуп Лангтон и Пабло Корал Вега во 2011 година со цел да се награди совршеноста во документарната и уметничката фотографија во Иберо-Америка, а стана најголем и еден од најважните натпревари во регионот.
Натпреварот за документарна фотографија POY е основан во 1944 година од страна на Школата за новинарство на Универзитетот „Мисури“ - Колумбија, чија програма за фотоновинарство е најстара во светот.