Rahmi Gündüz
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Франција Мануел Валс изјави дека до сега во поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд, загинаа четири, а беа повредени 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Валс го посети кризниот центар во Министерството за внатрешни работи на Франција, каде што даде изјава за медиумите.
„До сега загинаа четири лица, а повредени се 24. Властите започнаа со процес на преврски на раните предизвикани од поплавите", рече Валс.
Тој додаде дека од домовите се евакуирани 20.000 луѓе, и дека во одделни области погодени од природни катастрофи е испратена хуманитарна помош.
Премиерот истакна дека минатата ноќ нивото на реката Сена достигна 6.10 метри, додавајќи дека нивото на водата на реката полека почна да се намалува, но дека е потребно неколку дена за да се врати во нормала.
До сега е направена материјална штета со проценка од 600 милиони евра.
Музејот Орсеј и Лувр се затворени за посетители, а некои уметнички дела се преселени на места кои не се под закана од поплави.