Yusuf Özcan
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
ПАРИЗ (АА) - Марин ле Пен, лидерка на екстремно десничарската Партија на национално единство и претседателски кандидат во Франција, изјави дека ќе ги отстрани турбините на ветер доколку биде избрана за претседател на државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ле Пен за радиото РТ (RT) рече дека доколку ја преземе функцијата, ќе ги отстрани турбините на ветер во земјата и ќе ја запре изградбата на нови.
Истакнувајќи дека помошта за таквите енергии е 6-7 милијарди евра годишно, Ле Пен рече дека со отстранување на турбините на ветер, 6-7 милијарди евра ќе им бидат вратени на Французите.
Ле Пен, исто така, предложи намалување на данокот за бензин, гас и електрична енергија од 20 на 5,5 проценти.
Наведувајќи дека помошта што ја дава државата за семејствата сака да ја дава само на Французите со ниски примања, а не на странците, Ле Пен нагласи дека и ако ги загуби претседателските избори, ќе продолжи да биде активна во политиката.
- Првиот круг од изборите е на 10 април
Во Франција првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 10 април следната година.
Доколку некој од кандидатите не добие апсолутно мнозинство во првиот круг, двајцата кандидати со најмногу гласови ќе се натпреваруваат во вториот круг што ќе се одржи на 24 април. Кандидатот кој ќе добие најмногу гласови во вториот круг, ќе биде избран за претседател на земјата.