Rahmi Gündüz
03 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Обилните врнежи од дожд во поголемиот дел на Франција, кои траат од почетокот на оваа недела, има негативно влијание врз нормалното функционирање на жителите. Врнежите најмногу го погодија регионот на Сена и Марна, каде што досега загинаа две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Нивото на реката Сена во Париз е највисок од 1982 година, а се очекува дека до крајот на денот да достигне ниво од 6.20 метри.
Поради надојдувањето на реката беа затворени одделни делници поради што во Париз беше предизвикан сообраќаен метеж. Затворени се и некои метро станици, поради опасност од прелевање на реките.
Музејот Орсеј и Лувр се затворени за посетители, а некои уметнички дела се преселени на места на кои не им се заканува опасност од поплави.
Реката Сена се излеа во 1910 година, а нејзиниот водостој во некои места беше осум метри.
Тогаш во Париз под вода останаа 20.000, а на периферијата 30.000 домаќинства. Беа потребни 45 дена животот во градот се врати во нормала.