Alaattin Doğru
22 Ноември 2022•Ажурирај: 23 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Во Франција годинава починаа 2.816 лица како резултат на екстремните температури во летниот период, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Агенцијата за јавно здравје на Франција, оваа година починале 10.420 лица како резултат на високите температури и пандемијата на Ковид-19.
Се вели дека 2.816 од нив починале поради 3-те топлотни брана што се случиле од 14 до 22 јуни, од 9 до 27 јули, и од 29 јули до 14 август.
Од друга страна, 2.272 од 2.816 починати од високите температури се на возраст над 75 години.
Инаку, во земјата во 2003 година починале околу 15.000 лица како резултат на екстремните температури.