Mahmut Atanur
20 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
ЏАКАРТА (АА) - Француски државјанин доби смртна казна во Индонезија поради шверцување наркотици, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Џакарта пост“, на 35-годишниот француски државјанин, Феликс Дорфин, кој во септември минатата година беше фатен со околу 3 килограми наркотици на аеродромот на индонезискиот остров Ломбок, сега му е изречена смртна казна.
Во куферот на Дорфин биле пронајдени наркотици. Тој е обвинет за шверцување наркотици.
Од друга страна, Дорфин во јануари избега од центарот за притвор, а беше фатен по околу две недели.
Владата на Индонезија применува цврсти мерки во борбата против наркотици.
Доколку едно лице е фатено со над 5 грама наркотици, можно е да добие смртна казна.