Alaattin Doğru,Yusuf Özcan
13 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ПАРИЗ
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, ја обвини лидерката на екстремнодесничарската партија за Национален фронт, Марин ле Пен, дека „не е доволно антиисламист“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Значи дека сте спремни да не подготвите закон во врска со религиите и велите дека исламот не претставува проблем. Претеравте. Вашите гласачи ќе се разочараат“, рече Дарманен на дебата на ТВ-каналот „Франс 2“ („France 2“).
Дарманен тврди дека во исламот постои секташка девијација и додаде: „Од вас очекувам уште поостар став (против исламот).“
Ле Пен се зачуди на овие обвинувања, а како одговор за Дарманен рече дека не планира да го напаѓа исламот, исто како и другите религии.
„Цврсто сум поврзана на француските вредности, сакам целосно да ја штитам слободата на собир и религија“, нагласи Ле Пен.
На социјалните мрежи стана тема на дискусии тоа што екстремнодесничарската опозициска лидерка, која е позната по антиисламизмот и ксенофобијата, е обвинувана на овој начин од страна на Дарманен, кој се смета за десна рака на францускиот претседател Емануел Макрон.
Некои корисници на Твитер нагласија дека дури и екстремнодесничарската лидерка не е доволно исламофобична според француската Влада.