Tarek Chouiref
05 Февруари 2026•Ажурирај: 05 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пристигна во сирискиот главен град Дамаск денес на разговори со својот сириски колега Асад ал-Шејбани, објавија сириските медиуми, пренесува Анадолу.
Сириската телевизија „Алихбарија“ соопшти дека Баро пристигнал во палатата Тишрин во Дамаск, каде што бил пречекан од Шаибани на официјални разговори.
Според изјавата на портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Паскал Конфавро, посетата е прва станица од турнејата на Баро на Блискиот Исток, на која ќе ги посети и Ирак и Либан.
Се очекува разговорите да се фокусираат на регионалните случувања и билатералните прашања, во услови на тековниот дипломатски ангажман на Блискиот Исток.