Rahmi Gündüz
24 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив Ле Дриан, изјави дека во наредните денови ќе започне битката за ослободување на сирискиот град Рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Според него, градот Рака е опкружен и битката за ослободување ќе започне во наредните денови. Францускиот министер истакна дека битката за ослободување на овој сириски град е тешка и мошне важна, и дека по ослободувањето на Мосул и Рака, ќе биде доведено во прашање постоењето на терористичката организација ДЕАШ.
Тој потсети дека француската артилерија обезбеди поддршка за време на ослободувањето на Мосул.
„Силите на француската артилерија секојдневно врз позициите на ДЕАШ во Мосул истрелуваат околу 100 гранати“, рече Ле Дриан.
Тој посочи дека акцијата на ослободување на Мосул ќе се продолжи во следните недели.
Ле Дриан порача дека ДЕАШ ја изгубил оваа војна, во која против оваа организација се борат коалициските сили, од кои дел е и Франција, а во кои учествуваат и ирачките сили.
Ле Дриан изјави дека во наредните денови ќе се сретне со своите колеги во Вашингтон, во врска со ситуацијата во Мосул и Рака.