Ekipa
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Франција се соочува со опасност од терористи вооружени со хемиско и биолошко оружје, изјави денес премиерот Мануел Валс, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот издаде предупредување кога пратениците дебатираа за продолжување на вонредната состојба воведена по нападите од минатата недела во Париз, за уште три месеци.
„Грозната имагинација на овие луѓе нема граници - автоматски пушки, отсекување глави, самоубиствени бомбашки напади, напади со нож“, рече тој.
„Ова го велам со голема загриженост - но ние знаеме дека може да има опасност од можноста за хемиско и биолошко оружје.“
Валс повика пратениците да го одобрат проширувањето на овластувањата во вонредни состојби како „одговор на силна Франција, која не се наведнува и никогаш нема да се свитка.“
Валс изјави во Националното Собрание дека нападите претставуваат „нова војна ... предводена од војска криминалци“.