Ali Murat Alhas
16 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
ГАЗА (АА) - Договорите за нормализација на односите меѓу Бахреин, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел се чин на предавство против Палестинците, соопшти портпаролот на палестинската група на отпорот Хамас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сами Абу Зухри изјави дека ваквите договори нема да донесат мир за Израел и дека луѓето во регионот ќе продолжат да ја гледаат израелската земја како непријател и ги обвини двете арапски земји дека застанале на страната на непријателот.
Израел официјално потпиша договори со претставниците на Бахреин, ОАЕ и Израел за време на церемонијата во Белата куќа, со која претседаваше американскиот претседател Доналд Трамп.
Бахреин стана четвртата арапска земја што воспостави дипломатски односи со Израел минатиот петок, по Египет во 1979 година, Јордан во 1994 година и ОАЕ во август.
Палестинците организираа неколку собири вчера на Западниот Брег и Појасот Газа против контроверзните договори.