İdiris Okuduci
22 Април 2024•Ажурирај: 26 Април 2024
БЕЈРУТ (АА) - Движењето Хезболах соопшти дека во Либан е соборено беспилотно летало од типот Хермес-450 на израелската армија, пренесува Анадолу.
Во соопштението Хезболах наведе дека израелско беспилотно летало е соборено во јужниот дел на Либан, во регионот Аиши.
Не е прецизирано на кој начин е соборено израелското беспилотно летало.
Во судирите, кои постојат меѓу израелската армија и Хезболах од 8 октомври 2023 година, загинаа 283 члена на Хезболах, 54 либански цивили, седум израелски цивили и 12 израелски војници.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако Израел започна смртоносни напади врз Појасот Газа во кои од 7 октомври загинати се повеќе од 34.000 Палестинци.