Abdullah Aşıran
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
РОТЕРДАМ (АА) - Барањата за азил во Холандија се зголемија за 80 отсто во 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 24.740 баратели на азил го поднеле првото барање за азил минатата година, според извештајот на Централната статистичка служба на Холандија.
Се истакнува дека ова е највисокиот број од бегалската криза во 2015 година, и се додава дека бројот на апликации е зголемен особено во последните два квартали од 2021 година.
Во извештајот се вели дека бројот на барања за азил во 2020 година бил низок поради меѓународните ограничувања за патување како превентивна мерка против пандемијата на Ковид-19.
„Бројот на барања за азил во 2020 година изнесуваше вкупно 13.720“, се наведува во извештајот.
Се додава дека вкупно 22.540 луѓе сакале да побараат засолниште во Холандија во 2019 година, што е за 10 отсто помалку отколку во 2021 година.
Во 2021 година, Сиријците го зазедоа првото место по аплицирањето за азил со 8.380 барања, а потоа Авганистанците со 3.005.
Се додава дека 10.120 бегалци пристигнале во Холандија во 2021 година, 2,5 пати повеќе од бројот во 2020 година.
Во 2019 година, бројот на бегалци кои дојдоа во Холандија изнесуваше вкупно 4.180.