????? ?????
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ВУКОВАР (АА)– Одбележувањето на 24 годишницата од падот на Вуковар во Татковинската војна започна утрово со собирање на државниот врв, на чело со претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ, и граѓани од целата земја пред вуковарската болница.Потоа следеше патот на колоната на сеќавањето, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Колоната на сеќавањето, долга околу осум километри, и оваа како и минатата година се собраа околу 50.000 луѓе од Хрватска и странство.
Колоната која во 10.30 часот тргна од болницата се движеше сè до Меморијалните гробишта на бранителите од Татковинската војна.
Претседателите на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, Премиерот Зоран Милановиќ со членовите на Владата потоа претседателот на Саборот, Јосип Леко и бројни пратеници ќе им одадат почест на жртвите на Вуковар со положување венци на Спомен-обележјето на Меморијалните гробишта.
Слоганот под кој се обележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар гласи „Вуковар – место со посебен пиетет“.
Навечер низ Дунав ќе се пуштат стотина запалени лампиони кои ги симболизираат загинатите и исчезнати брнители на Вуковар.
Во сеќавање на падот на Вуковар во 1991 година, минатата ноќ низ цела Хрватска се запалени свеќи.
Во битката за Вуковар која траеше скоро три месеци се проценува дека загинале меѓу 2.900 и 3.600 луѓе.
Само според податоците на вуковарската болница, во битката загинале 1.624 цивили и припадници на војската на Хрватска, ранети се 1.219 лица.