Kasım İleri
14 Јули 2022•Ажурирај: 15 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Командата на централните сили на САД (CENTCOM) информира дека починал Махнал ал Агал, еден од високите водачи на терористичката организација ДЕАШ, кој беше ранет на 12 јули, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на ЦЕНТКОМ се наведува дека починал Махнал ал Агал, кој го преживеа нападот на 12 јули во северозападна Сирија, во кој беше убиен Махер ал Агал, еден од првите петмина водачи на ДЕАШ.
Нема детали за тоа каде бил лекуван припадникот на ДЕАШ откако е повреден и како починал.
ЦЕНТКОМ претходно соопшти дека на 12 јули извршила воздушен напад во северозападна Сирија, при што е убиен еден од главните водачи на ДЕАШ, Махер ал Агал, и дека уште еден висок водач на организацијата е ранет.