Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Ekrem Biçeroğlu
23 Јануари 2024•Ажурирај: 25 Јануари 2024
КУДС (АА) - Гувернерот на Централната банка на Израел, Амир Јарон, процени дека трошоците за израелските напади врз Појасот Газа ќе достигнат 255 милијарди шекели (67,6 милијарди долари), јавува Анадолу.
„Јарон вчера ја информираше парламентарната комисија за финансии“, соопшти израелскиот Парламент.
„Директните воени трошоци за 2023-2025 година, вклучувајќи репарации и други цивилни трошоци поврзани со војната, ќе достигнат 255 милијарди шекели“, предупреди Јарон.
Потсетувајќи дека Израел е во војна, Јарон додаде: „Ние сме во добра финансиска ситуација. Израел има добро искуство во закрепнувањето од претходните безбедносни инциденти.“
Податоците на Централната банка на Израел покажуваат дека економскиот раст во 2024 година ќе биде 3,4 отсто, во согласност со очекувањата на ММФ, а се очекува растот да биде ревидиран на 0,4 отсто оваа година по војната во Газа.