Murat Karadağ
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Циклонот Енаво ја погоди островската држава Мадагаскар, која се наоѓа во Индискиот Океан. Како резултат на ураганот, 3 лица го загубија животот, додека 500 лица останаа без покрив над главата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Експрес де Мадагаскар“ (L'Express de Madagascar), циклонот кој го погоди североисточниот дел на земјата предизвика голема материјална штета во регионот. Според првичните сознанија, 3 лица го загубиле својот живот.
Меѓу загинатите е и едно 5-годишно дете.
Многу училишта, згради на јавни институции, како и куќи, биле оштетени поради силните ветрови и од врнежите предизвикани од циклонот.
Ураганот Енаво се движи кон јужниот дел на земјата, а денес се очекува да го погодни главниот град Антананариво.