Afra Aksoy
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ГАЗА (АА) - Од меѓународниот Црвен крст уште еднаш беше предупредено на хуманитарната ситуација во Газа, која се влошува од ден на ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие, исто така, истакнаа дека политиката не доведе кон долгорочно, реалистично и одржливо решение во областа што се наоѓа под блокада, и во која има ограничен проток на хуманитарна помош.
Од Црвениот крст велат дека секое седмо семејство зависи од хуманитарната помош, а има и недостиг од лекови и медицински материјали.
Тие истакнаа дека недостатокот на електрична енергија и гориво влијае врз обезбедувањето на здравствени услуги. Болниците работат со регенератори.
Според официјалните податоци, околу 6.500 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори. Од 2007 година, Појасот Газа е под тешко ембарго од Израел, што го отежнува животот во тој регион.